Шефот на руското Министерство за финансии Антон Силуанов изјави дека Русија „нашла противотров“ на западните санкции, пренесува Пословни дневник.
„Заедничката заслуга, вклучително и Министерството за финансии, е што развивме цела низа мерки за да одговориме на тешката ситуација. Веќе имаме приближна програма за дејствување, програма на одлуки како ќе ја градиме економијата, финансиите. Веќе имаме одредени рецепти за работа во такви ограничувања“, рече Силуанов.
Според рускиот министер за финансии, Русија може да се справи со ограничувањата што и ги наметнаа западните земји поради нападот врз Украина.
„Веќе научивме како да одговориме на ограничувањата со кои треба да живееме. Најдовме противотров за овие санкции“, рече тој, пренесе Тас.