Русите на државната телевизија го прикажаа заробениот ранет Британец

369

Руските сили во Украина заробиле ранет Британец во воена опрема. Снимката од заробеникот е објавена на руската државна телевизија. Објавија дека името на заробеникот е Ендрју Хил, а на снимката е прикажан со завој на раката и околу главата.

На снимката се гледа како Русите го испитуваат, а тој одговара дека стигнал во Укрина на своја рака за да и помогне на земјата. Британецот сугерира дека бил припадник на украинската Меѓународна легија, одред на доброволци од другите земји кои пристигнале за да и помогнат на Украина да се спротивстави од руската инвазија.

На прашањето за чинот, Британецот рекол: „Немам чин…знам само дека Меѓународната легија ми рече дека можам да помогнам“.

Од руското министерство за одбрана велат дека Британецот се предал на руските сили во регионот на Миколајив на југозападот на Украина. Во истиот регион пред неколку дена беше убиен уште еден Британец, поранешниот војник Скот Рибли.