Русите напаѓаат од сите страни

1040

Војната во Украина продолжува со тешки блиски борби, а најголемата се води во рововите каде украинските војници се обидуваат да ги одбранат своите позиции од жестоките напади на руските сили, пишува Си-Ен-Ен.

„Момци, оставете ме овде. Не можам да одам“, вели еден од украинските војници во видеото снимено од CNN. Нозете му се повредени од шрапнели и преку неколку завои губи многу крв. Медицинскиот персонал се обидува да го „закрпи“, а тој за тоа време пали цигара и пуши за барем малку да си ги смири нервите.

Источноукраинскиот град Авдиивка стана сцена на најжестоките борби на украинскиот фронт, при што руските сили удираат од сите страни со деноноќно гранатирање. Украинските војници се добро вградени во областа и сè уште успеваат да ги одбијат руските трупи. Таму во рововите е и командантот на украинската чета Олех Сенцов. Овој 47-годишник е познат украински режисер, кој во 2014 година беше затворен од Русите пет години, а сега е војник на украинската 47-ма механизирана бригада.

„Се обидовме да освоиме шумска област долга речиси цел километар. Заедно со две други напаѓачки групи нападнавме три позиции. Нашата група мораше да држи ров широк 150 метри. Упаднавме, зазедовме 50-ина метри, но не можевме да одиме понатаму поради силниот отпор на противничката пешадија“, изјави Сенцов за Си-Ен-Ен.

„Од сите операции во кои учествуваше мојата чета, ова беше првпат да не ја завршиме мисијата“, додаде Сенцов, кој беше повреден заедно со уште тројца членови на неговата единица.

На почетокот на ноември, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги нарече борбите во Авдијевка „моќен напад“ и рече дека оваа битка „ќе го одреди целиот тек на војната“.

„Колку повеќе руски сили се уништени во близина на Авдијевка сега, толку полоша ќе биде севкупната ситуација и целокупниот тек на оваа војна за непријателот“, рече Зеленски.