Двајца поранешни американски војници се заробени во текот на борбите со руските сили во Украина, објави британски Телеграф.
Ова е прв пат американски борци да се заробени во Украина од почетокот на војната.
Александер Друек (39) и Енди Хујн (27) се заробени во текот на жестоките борби недалеку од Харков минатата недела, тврдат нивните соборци. Друек и Хујн служеле како доброволци во украинската војска.
За потсетување, меѓународно непризнатиот суд на самопрогласената проруска Народна Република Доњецк неодамна ги осуди на смрт двајца британски доброволци заробени во Мариупол.