Младиот бек од редовите на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Даниеле Ругани, е најновата желба на менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Унаи Емери.

Иако има скромна минутажа во изминатите две сезони, повремениот репрезентативец на Италија никогаш нема изјавено дека сака да си замине од Торино.

И покрај таквата ситуација, раководните лица на Арсенал подготвуваат официјална понуда за неговите услуги која нема да биде помала од 40 мил. евра.