Рубен Аморим испрати жестока порака до „кртот“ во соблекувалната!

316
epa11773267 Manchester's head coach Ruben Amorim gestures during the UEFA Europa League match between Viktoria Plzen and Manchester United, in Plzen, Czechia, 12 December 2024. EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Манчестер Јунајтед се врати на победничката патека и тоа откако со 2:1 славеше во дерби пресметката против лутиот градски ривал, Манчестер Сити.

„Граѓаните“ дојдоа во водство со погодокот на Јошко Гвардиол, а „црвените ѓаволи“ направија целосен пресврт откако Бруно Фернандеш го реализираше ударот од белата точка, а Амад Диало во 90. минута го постигна победничкиот гол.

Интересно е што две големи ѕвезди на Манчестер Јунајтед ги немаше на списокот за овој натпревар, а тоа се Маркус Рашфорд и Алехандро Гарначо, кои не добија покана од менаџерот, Рубен Аморим.

Иако пред почетокот на натпреварот беше официјално потврдено дека Рашфорд и Гарначо не се во комбинација за дуелот на „Итихат“, за проблемите во соблекуваната на Јунајтед беше потврдено неколку часа претходно на социјалната мрежа Х.

По натпреварот за тоа проговори и Аморим, кој потврди дека има „крт“ во соблекувалната и додаде дека таквите работи не можат да се запрат.

„Знам за таа приказна. Не знам што да ви кажам. Мислам дека е невозможно да се запре во овој момент бидејќи медиумите имаат многу луѓе во клубовите, а потоа играчите разговараат со агентите. Не знам, можеш да разговараш со твоите пријатели, па тешко е да се открие кртот. Тоа не е добра работа, но наше е да продолжиме понатаму и да го погледнеме следниот натпревар и да видиме дали ќе го откријат составот за следниот натпревар“, изјави Португалецот.

Јасно е дека сето ова не му се допадна на новиот менаџер на Манчестер Јунајтед кој вети дека ќе вложи многу повеќе напори за да не се открие порано следниот состав на неговиот тим.

Неговиот тим сега има натпревар во Карабао купот против Тотенхем.

Останува да се види дали Рашфорд или Гарначо ќе се вратат во тимот, а можеби и двајцата откако ја пропуштија победата против Манчестер Сити.

„Важно е да ви објаснам зошто не беа таму. Тоа нема врска со дисциплината. Следна недела, следен натпревар, нов живот. Секој се бори за своето место и многу ми е важно како некој се однесува на тренинзите, но и како се облекувате, што јадете, се се гледа. Денеска докажавме дека секој може да биде изоставен од тимот. Можете да победите ако играте сите заедно“, додаде Аморим.