Ројтерс: Можен руски напад врз американската и сојузничката инфраструктура

1038

САД и западните сојузници треба да бидат загрижени поради можен руски напад врз инфраструктурата, што би можело да дојде како одговор на наводната саботажа на гасоводот Северен тек 2 што ја поврзува Русија со Европа преку Балтичкото Море, пишува Ројтерс.

Претставници на ЕУ и НАТО најавија дека е саботажа што предизвика истекување на три места на гасоводот Северен тек 2, но директно никого не обвинија.

Русија ги обвини САД за саботажа.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, рече дека САД немаат нови разузнавачки информации за заканите за напад на инфраструктурата, но членките на НАТО ја следат ситуацијата, пренесува Ројтерс.