Седумкратниот шампион во Мото ГП, Валентино Роси, изјави дека е се подалеку од титулата, но нема да се предаде. Роси направи грешка и излета од патеката додека се обидуваше да го стигне водечкиот Фабио Квартараро, па сега има 50 бода помалку од него и практично се прости од шампионската титула.
- Овој викенд мора да гледаме позитивно, бидејќи за малку ќе се дојдев до победата. Ние редовно го следиме однесувањето на мотоциклот, па иако борбата за титулата избега, има многу причини да бидам побрз до крајот на годината. Сè додека имам шанса, работата не е завршена. Паднав двапати поради моја грешка, се откажував трипати, а имав и голем дефект на првата трка. Ако продолжам вака, ќе бидам опасен конкурент, истакна Роси.