Поголемиот дел од британските медиуми немаат дилема дека португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо ќе ги напушти редовите на Манчестер Јунајтед за време на зимскиот преоден рок. Искусниот напаѓач има договор со „црвените ѓаволи“ до крајот на актуелната сезона, но клупските челници ќе му дозволат да си замине веќе во јануари и тоа како слободен фудбалер. Следна негова дестинација најверојатно ќе биде тимот на Спортинг од Лисабон.