Екипата на Ал Наср гостуваше во Техеран кај Персополис, во рамки на азиската Лига на шампиони, а првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо, имаше топло добредојде.
Уште на аеродромот по слетувањето на авионот, претседателот на Персополис лично ја пречека делегацијата на Ал Наср и му подари на Роналдо раскошен персиски тепих, по што автобусот со играчите беше испратен од голем број навивачи. Исто така можеа да се видат и големи транспаренти со натписот „Добредојдовте“.
هي أشيـاء لا تُشتـرى 💛
كُن أقرب وشاهد كواليس وصول #العالمي 🤩
إلى العاصمة الإيرانية طهـران
عبـر حساب #النصر الرسمي في سناب شات 🤳https://t.co/Hrdf7HugGG pic.twitter.com/lsgfBiP2Uv— نادي النصر السعودي (@AlNassrFC) September 18, 2023
За жал, ниту еден навивач нема да може да присуствува на натпреварот меѓу иранскито и саудискиот клуб, закажан за утре на стадионот „Азади“, кој со своите 90.000 седишта е најголемиот во Иран, поради санкциите што Азиската фудбалска конфедерација ги изрече по контроверзна објава на Инстаграм страницата на Персополис во 2021 година.