Бејзбол играчот Шохеи Отани ќе им се приклучи на Лос Анџелес Доџерс со кои договорија десетгодишен договор вреден неверојатни 700 милиони долари!
Како за споредба, Леброн Џејмс и Мајкл Џордан заедно заработиле 628 милиони долари во текот на целата нивна НБА кариера, а Јапонецот, кој е најдобриот бејзбол играч во светот, ќе стави во џеб уште повеќе со преселбата во новиот клуб. Тој претходните пет години ги мина во дресот на ЛА Енџелс.
Отани го потпиша најголемиот договор во историјата на американскиот спорт, кој е за 300 милиони долари побогат од претходниот рекорд.
Договорот на Отани е за 64 отсто поголем од претходниот рекорд од 426,5 милиони долари што Мајк Троут од Енџелс го доби за 12-годишен договор во 2019 година.
Јапонскиот играч ќе има 70 милиони долари по сезона, наспроти околу 42,3 милиони долари што ги доби со Енџелс.
- Ветувам дека секогаш ќе го правам она што е најдобро за тимот и дека секогаш ќе продолжам да давам се од себе за да бидам најдобрата верзија од себе. До последниот ден од мојата играчка кариера сакам да играм на највиско ниво, не само за Доџерс, туку воопшто за бејзболот, напиша Отани на социјалните мрежи.
Отани е роден на 5 јули 1994 година, неговата мајка играла бадминтон, додека татко му работел во локална фабрика за автомобили и бил аматерски бејзбол играч.
Отани важи за најдобар бејзбол играч во светот, беше едногласен МВП во 2021 и 2023 година.
Како што пренесува агенцијата Асошиетед прес, тоа е веројатно најголемиот договор во светскиот спорт, за кој се верува дека го потпишале фудбалските ѕвезди Лионел Меси и Килијан Мбапе.