Роналдо има две зацртани цели

25
epa10423646 Al Nassr's Cristiano Ronaldo reacts during the Saudi Pro League soccer match between Al-Nassr and Al Ettifaq in Riyadh, Saudi Arabia, 22 January 2023. EPA-EFE/STR

Кристијано Роналдо ќе остане запаметен како еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот. Во блескавата кариера, петкратниот освојувач на „Златната топка“ освои се што можеше да се освои на клупската сцена, а со португалската репрезентација беше европски шампион. Популарниот Кики ја проби границата од 900 голови, а пред себе има уште најмалку две зацртани цели.

Роналдо сака да стане првиот фудбалер во историјата кој постигнал 1.000 голови на официјалните натпревари. Тоа е една цел, а вториот сон е оној кој Леброн Џејмс го имаше оваа година, а тоа е да игра во ист клуб со својот син. Џејмс тоа го направи во НБА кога Брони стапна на подот покрај него. Роналдо би сакал да остане на теренот доволно долго за да дочека да му се придружи Кристијано Јуниор кој има 14 години. Моментално Јуниор е во фудбалската школа на Ал Наср, клубот за кој Роналдо дава голови.

Ова го откри Рене Меуленстин, тренер кој дел од кариерата мина во Манчестер Јунајтед, а неговата последна работа беше помошник тренер на Австралија.

„Сто проценти тоа го сака. Можеби тоа е неговата мотивација да работи. Реков одамна, нема да си замине како свеќа што полека гори, но има момент кај сите кога ќе се случи нешто што ќе ве приближи до крај, сакаш или не, но тој е фит, се грижи за себе и би се обложил дека би сакал да си игра со својот син“, рече Меуленстин.

Португалецот постигна гол за најголемите европски клубови и собори голем број рекорди во фудбалот. Тој е најдобриот стрелец во историјата (910 гола на 1247 натпревари според Transfermarkt). Противничките мрежи ги тресеше во дресот на Спортинг Лисабон, Реал (М), Манчестер Јунајтед, Јувентус…

ИЗДВОЕНИ