Роналдо е најплатен во Англија, но е далеку од Меси

128

По пауза од 12 години, еден од најдобрите играчи во фудбалската историја, Кристијано Роналдо, повторно го облече дресот на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.

Додека се чека неговата официјална презентација, која ќе биде направена после задолжителниот лекарски преглед, британските медиуми открија колкава ќе биде платата на португалскиот интернационалец.

Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“ ќе има неделна плата од 480.000 фунти, што е околу 560.000 евра. Таквата информација значи дека поранешниот фудбалер на Реал (М) и Јувентус ќе биде најплатениот играч во Премиер лигата.

Зад него се Ромелу Лукаку (Челзи) со 524.000 евра неделна плата, но тука се вклучени и бонусите, Кевин де Бруин (Манчестер Сити) со 448.000, Џек Грелиш (Манчестер Сити) со 442.000 со бонуси, Хари Кејн (Тотенхем) со 350.000, додека на 10-та позиција е Ентони Марсијал (Манчестер Јунајтед) со 291.000 евра. Најдобриот фудбалер во дресот на Ливерпул, Мохамед Салах, има неделна плата од 256.000 евра.

Факт е дека Роналдо е најплатен фудбалер во англиската Премиер лига, но Португалецот и понатаму е далеку зад двоецот од редовите на францускиот гигант ПСЖ, Лионел Меси и Неимар.

Аргентинскиот интернационалец кој пред две недели се пресели на „Паркот на принцовите“ има неделна плата од милион и 160.000 евра, додека репрезентативецот на Бразил има неделна плата од 700.000 евра.