Фамилијата на најголемата ѕвезда во дресот на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Кристијано Роналдо, честопати знае да ги користи и социјалните мрежи. Додека неговата поубава половина Ѓоргина Родригез тоа го прави со квалитетни фотографии, неговата мајка и сестра, сакаат да напишат некоја реченица и за фудбалската игра.

Сега дојде на ред и неговата мајка, Долорес Авеиро, која позајми еден цитат и истиот го постираше на својот твитер-профил. Нема дилема дека Долорес сакаше да направи нешто убаво за својот син, но мајката на португалскиот интернационалец напиша дека нејзиниот син го има спасено Јувентус од испаѓање во Серија Б и дека е најзаслужен за шампионската титула која е освоена по пауза од 20 години.

Се чини дека Долорес не е упатена во актуелната ситуација на старо-новиот шампион на Италија. Пред неколку дена „старата дама“ ја освои и осмата титула во пред во Серија А и е апсолутен владетел кога е во прашање најважната споредна работа на Апенинскиот полуостров.

За среќа, Долорес не навлегува во некакви анализи како што прави сестрата на Роналдо, Катија, која постојано ги критикува најголемите ривали на својот брат и постојано тврди дека нема подобар играч од Роналдо кој треба секоја година да ја освојува најважната индивидуална награда, „Златна топка“ на Франс фудбал.