Роналдо го понижи ЕТХ за сите пари

494
epa10304195 Manchester United's manager Erik ten Hag reacts during the English Premier League soccer match between Fulham FC and Manchester United in London, Britain, 13 November 2022. EPA-EFE/TOLGA AKMEN EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications

Најпознатиот португалски фудбалер, Кристијано Роналдо, беше гостин во подкастот на легендарниот репрезентативец на Англија, Рио Фердинанд.

Поранешните соиграчи од ерата на Манчестер Јунајтед проговорија за моменталната ситуација на „Олд Трафорд“.

Ситуацијата секако не е добра, „црвените ѓаволи“ се на 10. место, а имаат два порази и две победи после четири одиграни кола во новата сезона.

„Манчестер мора да започне со реконструкција на се, мислам дека тоа им е јасно на сите. Ќе биде потребно време бидејќи се уште е еден од најголемите клубови во светот, но им требаат огромни промени“, изјави Роналдо и додаде:

„Тоа е единствениот начин да се биде на врвот како клуб и луѓето од клубот го знаат тоа. Тренерот вели дека не можат да се борат за првото место во Лигата на шампионите. Како тренер на Манчестер, не можете да го кажете тоа. Мора да се борите“.

Општо познато е дека Кристијано Роналдо не беше миленик на Ерик Тен Хаг, а сето тоа заврши со прилично срамен прекин на соработката во 2022 година.

Тогаш тоа беше втор мандат на Роналдо на „Олд Трафорд“. Првиот пат беше од 2003 до 2009 година, кога постигна 145 гола на 346 натпревари.

Петкратниот освојувач на „Златаната топка“ играше и за Спортинг, Јувентус и Реал (М), додека денес настапува за Ал Наср во Саудиска Арабија.