Роналдињо откри кој клуб најмногу сака да го гледа

194
epa10104919 Former Brazilian soccer player Ronaldinho Gaucho participates as a guest in a soccer, tennis and skills contest dedicated to him, in a shopping center in Quito, Ecuador, 03 August 2022. EPA-EFE/Jose Jacome

Поранешниот бразилски репрезентативец Роналдињо во едно интервју откри чии натпревари најмногу ги гледа и изненади многумина со својот одговор, иако вистинските љубители на фудбалот можат да го разберат неговиот избор.

Поранешната ѕвезда на Барселона и Милан ги закачи копачките уште во јануари 2018 година по 17-годишна кариера. Роналдињо остави голема трага во светот на фудбалот и поради неговата течна игра и спектакуларните потези многумина го сметаат за еден од најдобрите.

Победникот на Светското првенство во 2002 година откри кој тим најмногу му го привлекува вниманието.

„Тешко е да се избере само еден тим, има многу од нив. Навистина ми се допаѓаат многу играчи од различни клубови. Мислам дека секој клуб има одличен играч што сакам да го гледам, но во моментов би рекол дека најзаинтересиран сум за натпреварите на Ливерпул“, призна Роналдињо.

Во текот на својата кариера, Дињо само двапати играше против „црвените“, при што победи еден натпревар и загуби еден. Тоа беше за време на осминафиналето на Лигата на шампионите во 2007 година, кога тимот на Рафаел Бенитез го елиминираше актуелниот шампион, Барселона.

Ливерпул се враќа во Премиер лигата овој викенд против Нотингем Форест на „Енфилд“. Тимот на Арне Слот нема пораз откако Холанѓанецот го наследи Јирген Клоп на жешкото менаџерско столче.