Поранешниот светски шампион, Бразилецот Ромарио, смета дека неговата репрезентација има многу талентирана селекција на играчи и дека може да освои нова светска титула, а избра четири фудбалери кои верува дека можат да и овозможат на земјата да слави на следното Светско првенство.
Ромарио има 70 настапи и 55 гола за Бразил, со кој беше светски шампион во 1994 година, а има и две титули на Копа Америка (1989 и 1997 година). Поранешниот играч на ПСВ, Барселона и Валенсија остави голема трага во светот на фудбалот и е еден од најлегендарните бразилски фудбалери.
Тој смета дека Бразил со сегашната генерација може да биде светски шампион, а таа титула се чека од 2002 година. „Кариоките“ претходно беа светски шампиони во 1958, 1962, 1970 и 1994 година.
„Им верувам на тие момци и имам големи надежи за нив. Мислам дека нема да бидат Ромарио или Роналдо, но можат да направат разлика“, изјави Ромарио за „EFE“, посочувајќи ги Винисиус Јуниор, Родриго, Ендрик и Витор Роке, кој не се снајде по пристигнувањето во Барселона,
„Тие навистина можат да му помогнат на Бразил повторно да стане светски шампион во 2026 година“, додава Ромарио.
Следното СП 2026 се игра во Канада, Мексико и САД, а токму во таа земја Ромарио стана светски шампион во 1994 година со Кафу, Дунга, Бебето и компанија.
„Кариоките“ пред СП2026 ќе играат на Копа Америка во САД, турнир кој започнува на 20 јуни со ростер предводен од Винисиус, Родриго и Ендрик, во кој поради изборот на селектор не беше вклучен Витор Роке.