Роман на годината: Десет наслови во трка за наградата

105

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2019 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во втората селекција избра десет романи што останаа во конкуренција за оваа награда.

Во потесна конкуренција за добивање на наградата остануваат „Молчи со отворена уста“ од Снежана Младеновска Анѓелков, „Правта на библиотеките“ од Митко Маџунков, „Мрежата на Мамли“ од Блаже Миневски, „Пагански времиња“ од Драги Михајловски, „Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова, „Последните денови на Ханс“ од Михајло Свидерски, „Години од слама“ од Братислав Ташковски, „Аб’т“ од Оливера Ќорвезироска, „Ура, Арал!“ од Тања Урошевиќ, „Приказни за госпоѓица Сит“, Билјана С. Црвенковска.

На годинашниот конкурс пристигнале 38 романи, а насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на 13 март.