Романскиот Уставен суд ќе побара пребројување на гласовите во првиот круг од претседателските избори

4
EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Романскиот Уставен суд ќе побара пребројување на гласовите во првиот круг од претседателските избори, јавува денеска ТВ Диги24, повикувајќи се на судски извори.

Портпаролот на Уставниот суд не сакаше да го потврди или негира извештајот, пренесе Ројтерс.

По едноцифрената поддршка од гласачите во анкетите спроведени пред гласањето во неделата, екстремно десничарскиот независен политичар Калин Ѓорѓеску (62) извојува победа што го постави прашањето како е можно вакво изненадување во Европската унија и во земја членка на НАТО, британската соопшти агенцијата.