Романија и Унгарија ангажираат војска за справување со вирусот

209

Сè поголем број земји во Европа и во светот ангажираат војска за евакуација и примање луѓе од Кина во пресрет на епидемијата на корона вирусот, а првите земји од регионот што се приклучија во тоа се Романија и Унгарија, пренесува агенцијата „Бета“ од порталот Балканска безбедносна мрежа.

Според порталот, во специјалната мисија на романските воздушни сили оваа недела, две лица кои претходно престојувале во Кина, биле транспортирани од Германија во Букурешт. Операцијата е извршена со транспортниот авион „Ц-27Ј спартан“, со опрема за медицинска евакуација и оддел за изолација. И двајцата се сместени во карантин во траење од 14 дена.

Според романските медиуми, градот Букурешт определил посебен објект за прием и сместување на лица во карантин. Зградата на неидентификувана локација е дизајнирана да опфаќа стотина луѓе.

Унгарија, исто така, го ангажираше Воздухопловните сили за превоз на своите граѓани кои живеат во загрозените области и да формира специјална работна група за борба против корона вирусот.

На 2 февруари седуммина унгарски државјани беа префрлени од Франција со  авион на унгарските Воздухопловни сили „ербас А319“ во Будимпешта.

Порталот додава дека досега најголемите евакуации од Кина во Европа ги извршиле Франција, Велика Британија и Германија, а на глобално ниво од САД и Јапонија.

Улогата на вооружените сили варира од земја до земја: од евакуација на воздухот, прием на земја, сместување во карантин до медицински надзор.

Така, Франција во првиот лет од воздухопловната база Истр на југот на земјата од Кина  пренесе околу 200 француски државјани, а патниците беа ставени во карантин во одморалиште близу Марсеј.

На 30 јануари, Владата на Обединетото Кралство  од Кина пренесе 150 Британци и педесет лица од други делови на Европа  со специјални чартер летови, додека Берлин користеше  воени ресурси за вонредна состојба и ги распореди своите кинески државјани во воената база Гемерсхајм, во близина на Штутгарт.

Италија и Турција, исто така, ги ангажираа Воздухопловните сили да ги евакуираат своите државјани, додека Русија ангажираше воен авионски превоз „Ил-76“ за префрлување на 144 лица кои ги смести во одморалиште во сибирскиот регион Тајмен, исто така обезбедено од армијата.

„На глобално ниво, САД организираа најголем воен ангажман во грижата за сограѓаните на епицентарот на епидемијата во Кина. Пентагон ги стави воените бази достапни на целиот северноамерикански континент за сместување во карантин… Вкупно шест воздушни бази се користат за примање евакуирани за карантин – Марч, Тревис и Мирамар во Калифорнија, Форт Карсон во Колорадо и Лакленд во Тексас. Дополнителни 11 воени бази во близина на најголемите меѓународни аеродроми во земјата ќе служат потребите на карантинското сместување, се додава во текстот.