Легендарниот балкански музичар и рок-пејачот долгокосиот Дадо Топиќ кој со години наназад ја воодушевува македонската публиката и со песната-химна “Македонија…тамо гдје вјечно сунце сја“, деновиве во ова празнично време, има нова песна. Соодветна е за предстојниот Божиќ и оној католичкиот и оној православниот. Се е споено, распеано, весело во песната со едноставен и драг наслов, “Божиќна желба“.Песната е совршен спој на христијанските традиции и емоции, со голема љубов за Божиќ, семеен празник. Со универзалната порака за вредноста на заедништвото, ширење на љубов, добрина и топли зборови.
Зад оваа “Божиќна песна“ стои одличен музички тим. Музиката и аранжманот се на Брано Ликиќ. Текстот е дело на Мирослав Пиље, кој на поетски и трогателно-чувствителен начин ја долови суштината на празничниот Божиќен дух. На сите им го дава тоа потребното со кое го празнуваат Божиќ (на 25-ти декември или на 7-ми јануари). Моќната славеничка порака! Песната ги премостува пречките со сила наметнати на секое поле од животот, ширејќи го исклучиво Божиќниот дух, со се целосна топлина во нашите домови во оваа весело празнично време. Д.М.