Во Крушево ќе бидат пречекани учесниците од ултрамаратонот од Нова Градишка до Крушево кој по дванаесетти пат се одржува во чест на нашата голема музичка ѕвезда Тоше Проески.
На 16 октомври се одбележува денот кога Тоше Проески го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во далечната 2007 година.
–
Организаторот, средното крушевско училиште „Наум Наумовски Борче“ со поддршка на Општината Крушево и на Локалниот младински совет заедно со други институции, угостители, компании и граѓани набави рози кои ќе бидат оставани на патот каде што ќе поминуваат маратонците. Од влезот на градот сè до гробното место на Тоше на Гумење.
Ова е втора година по ред на ваков начин да се пречекуваат маратонците, а според организаторите целта е граѓаните и институциите, заедно, да придонесат споменот за Тоше да продолжи да живее…..