На друштвените мрежи се појави една исклучително интересна фотографија од шајцарскиот тенисер Роже Федерер. Швајцарецот како 17 – годишник позира во совјата соба, а на ѕидот се залепени постерите на неговите идоли Мајкл Џордан и Шекило Нил, а посебно место на ѕидот и ма и за прославената плејбој – зајачица Памела Андерсон, која во тоа време му била голема инспирација на еден од најдобрите тенисери на денешницата.

На многумина им привлече внимание и неговата необична фризура, Швајцарецот имаше фарбана плава коса. На ѕидот беше закачено и макеонското знаме, кое Роже го добил како сувенир на некои турнир.

Федерер,кој не игра на турнирите поради поведеа на колената се пријави за настап во германскиот Хале, за наредната сезона. Ова значи дека наредната година во фокусот ќе му биде сезоната на трева. Федерер има освоено 20. грен слем титули исто колку Надал и Ѓоковиќ, но сонува уште еднаш да го подигне пехарот на Вимблдон

Федерер досега во Хале триумфираше десет пати, а на грен слемот во Лондон го подигна пехарот осум пати.