Роже, Рафа и Новак треба да се пазат од Хуан Мартин дел Потро

59

Во колумна за германски „Скај спорт“ поранешниот тенисер и директор на турнирот во Минхен, Патрик Кунен, даде свое мислење за Аргентинецот Хуан Мартин де Потро, кој во својата кариера освои една грен слем титула, онаа од 2009 година на САД Опен.

  • Една работа е сигурна. Љубителите на тенисот ќе минат кон емотивни моменти кога Дел Потро ќе се врати на терен по повредата на колената. Тој ќе биде во најдобра форма и за мене секогаш ќе биде на листата на фаворити за освојување на трофеј, истакна Кунен.

Патрик со одбрани зборови говореше и за првиот светски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ, кој пред само неколку недели дојде до 15 гран слем титула.

  • Ако Ѓоковиќ продолжи продолжи во овој ритам. може да биде најдобриот тенисер во историјата. На Австралијан опен покажа дека оваа година не постои тенисер кој би можел да го запре. Премногу е импресивен, ги осбои последните три грен слема, а и прв е на АТП листата. Ако се помине во најдобар ред, може да оствари календарски слем (да ги освои сите четири големи турнири), додаде Кунен.

Потоа ја прокоментира и играта на Шпанецот Рафаел Надал, како и на Швајцарецот Роже Федерер.

  • Шпанецот апсолутно е најдобар според мене на Ролан Гарос. Не би требало да го заборавиме ниту Феререр. Швајцарецот дефинитивно ќе има најголема шанса за триумф на Вимблдон, но најави дека сака да игра на турнирите на земја прв пат по 2016 година. Треба да почекаме за да видиме како ќе одговори на следните турнири, со оглед на тоа дека има 37 години, заврши Патрик.