Роднина на фудбалерот тврди: Сала е убие, мора да се продолжи со истрагата

40

Аргентинскиот фудбалер, Емилијано Сала,  за последен пат беше испратен кон неговиот вечен дом, а и по неговиот погреб не престануваат теориите на заговор и начинот на неговата смрт.

Сала (28) својот живот го загуби на 21 јануари во авионска несреќа, а иако официјално неговата смрт се води како несреќен случај, еден од неговите братучеди смета дека  е убиен.

-Едноставно го убија Емилијано, бидејќи го натераа да влезе во тој авион. Овој случај треба дополнително да се истражува, сметам дека има еден куп неправилности. Во никој случај тој не требаше да оди со таков авион, изјави роднината на Сала.

Емилијано во текот на зимскиот преоден рок се пресели во Нант во Кардиф Сити, а моментално двата клуба водат и спор околу исплатата на последната рата од трансферот на Аргентинецот, во висина од 15 милиони фунти.