Родители заборавиле новороденче во такси

185

Млада брачна двојка од Хамбург, Германија, го заборавила бебето во такси. Родителите, кои од болница си оделе дома со новороденото бебе, сфатиле дека го заборавиле откако ја платиле сметката и излегле од возилото со едномесечниот син.
Таткото на бебето се обидел да го стигне таксито, но таксисот не го забележал, туку возел и понатаму без да знае дека на задното седиште има бебе кое спие. Возачот го паркирал автомобилот во подземна гаража и заминал на пауза за ручек.
Таксистот забележал дека на задното седиште има бебе дури откако презел нов повик, а бебето почнало да плаче.
Потоа, веднаш повикал полиција и брза помош, а бебето било брзо вратено кај родителите.