Ракометниот клуб Алкалоид го доби противникот за осминафиналето во Европскиот Куп, каде ќе се сретне со ривал од Италија. Поволната ждрепка го донесе тимот на Бриксен како следен противник на „фармацевтите“ во европското натпреварување, па избраниците на Кире Лазаров ќе имаат можност за позитивен резултат и во оваа нокаут фаза.

Бриксен е италијански прволигаш од Брешаноне, град кој се наоѓа над Болцано, во Северна Италија, а ќе биде домаќин на првиот натпревар против македонскиот претставник.  Натпреварите ќе се играат на 15/16, односно 22/23 февруари.

Осминафинални двојки: Бриксен-АЛКАЛОИД. Сандефјорд-Бешикташ, Партизан-Диомидис, АЕК-Крка, Анортозис-Извиѓач, Хаукар-Јерузалем Ормож, Баја Маре-БК-46

Во претходното коло италијанскиот тим беше подобар од Ловосице од Чешка и исто како Алкалоид осминафинале обезбеди со две убедливи победи. Бриксен во домашниот шампионат оваа сезона игра променливо, по 13 одиграни кола е на осмата позиција со скор од пет победи, две ремија и шест порази.

ИЗДВОЕНИ