Актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, не се откажува од намерата да ги осигура услугите на стандардниот првотимец во дресот на калчолигашот Торино, Самуеле Ричи. Репрезентативецот на Италија е дефиниран како достојна замена за тешко повредениот Родри, но официјалната понуда за обештетувањето не смее да биде помала од 40 мил. евра.