![UEFA Champions League - Bayern Munich vs Dinamo Zagreb](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2024/12/RISTOVSKI-696x464.jpg?x99897)
Поранешниот репрезентативец на Македонија, Стефан Ристовски, го предводеше ослабениот, поради многу повреди, Динамо (З) до реми на „Максимир“ против шкотскиот гигант Селтик (0:0) во шестото коло од Лигата на шампионите.
Најтрофејниот хрватски клуб има осум бода, а му преостануваат уште два натпревари во основната фаза од ЛШ, во јануари гостуваат кај лондонскиот премиерлигаш Арсенал, а потоа го пречекува калчо гигантот Милан. Се очекува три, а можеби и два бода од тие натпревари да му бидат доволни за да се пласира во нокаут фазата.
„Остануваат уште две кола од Лигата на шампионите, но фокусот е на ХНЛ. И покрај сите проблеми, нема да се предадеме. Кога ќе не понижат и вака ќе не отпишат, Динамо е најјак! Така ќе биде! Дали ќе бев задоволен со бод пред почетокот на натпреварот? Сакате да победувате секој пат. Во Динамо немало и нема да има случај да се задоволат со бод, изјави Ристовски.
Капитенот на „модрите“ по дуелот со Селтик беше прашан за големиот број на повредени фудбалери и за тоа дали ова е најголемата резултатска криза откако го носи дресот на Динамо (З).
-Знаеш како е во фудбалот, кој те прашува колку години имаш. Теренот е единствениот што покажува дали можете да се справите со се или не. Овде не е изгубен секој што носи дрес на Динамо. Момците си ја работат работата, тренираат и се борат за своето место. Знаете ли колку бодови имаме во ЛШ? Прелесно го отпишуваш Динамо. Ова е единствениот клуб кој ја претставува земјата во ЛШ. Кога победуваме, сите се околу нас. Кога ќе се изгуби, тогаш се зборува за криза. Во однос на повредите, ова е несомнено најтешкиот период, нешто се случува. Но, немате време за плачење, треба да гледате во иднината, да се борите, му одговори Ристовски на новинарот на „Индекс.хр“.