Принцезата Шарлот и принцот Џорџ „во филм“ на Вимблдон/ВИДЕО

1633
Твитер скриншот

Британското кралско семејство денеска на Вимблдон го следеше финалниот натпревар меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон дојдоа со нивните две поголеми деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот, додека малиот Луис остана дома.

За Шарлот ова е прв пат на трибините на овој турнир и не ја криеше возбудата, а заедно со нејзиниот брат целосно го „украдоа шоуто“ со своите слатки реакции.

Најпрво беа насмеани, а како одминуваше натпреварот не можеа да ја сокријат возбудата и гестикулираа, скокаа и разговараа меѓу себе.

Во еден момент Шарлот ја вртеше и ја гризеше косата, додека Џорџ нервозно мафташе со јазикот.

Малата принцеза подоцна почнала да се гушка со мајка си и да и поставува прашања, што особено им се допаднало на многу корисници на Твитер.