Ривалите во клинч за Тони

59

Ривалите од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед и Челзи, планираат во следните неколку дена да испратат понуда за напаѓачот на Брентфорд, Иван Тони. Репрезентативецот на Англија не крие дека сака да ја промени средината до крајот на летниот преоден рок, а клупските челници посакуваат понудата за обештетувањето да не биде помала од 60 мил. евра.