Актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, сака по секоја цена да ја продолжи соработката со шпанскиот интернационалец Родри. Одличниот играч за врска има договор со „граѓаните“ до 2027 година, но поради големиот интерес на шпанскиот гигант Реал (М), челниците на Сити во следните неколку недели ќе му понудат нов договор на Родри кој ќе биде со важност до 2029 година.