Речиси 70 отсто од сите инвеститори повторно би инвестирале во Северна Македонија. Тоа претставува солидна основа за понатамошен развој на германско-македонските економски односи, порачуваат германскиот заменик амбасадор Ото Граф и претседателката на Македонско-Германското стопанско здружение Мирјана Симоновска Ќука во заедничката изјава за анкетата за деловната клима во земјава што ја спроведува Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија.
Како и секоја година ширум светот, така и оваа, посочуваат, Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија спроведе анкета за деловната клима, со која се информираше за мислењето кај компаниите-членки.
-Очекувано, стопанството е загрижено за последиците од ковид-пандемијата. Членките на Стопанското здружение ги наведоа и проблемите со правните и политичките услови, велат во изјавата и додаваат дека Делегацијата на германското стопанство и Германската амбасада и понатаму ќе работат доверливо со македонската Влада за подобрување на овие рамковни услови.