Речиси 2 милиона претплатници во мобилната телефонија и околу 450 илјади фиксни линии

30

Според податоците на Агенцијата за електронски комуникации, бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во државава, заклучно со вториот квартал годинава, изнесува 1.919 695, од кои од резиденцијалните 679.245 се припејд претплатници, а 992.157 постпејд. Бројот на деловни постпејд претплатници изнесува 248.293. Реализирани се 1.409.062.356 минути разговор.

Податоците од извештајот на АЕК покажуваат дека со пристап до Интернет, со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G), во вториот квартал годинава биле 1 549.967 претплатници.

Во вкупниот број претплатници, „А1 Македонија“ има удел од 47,9 проценти, „Македонски телеком“ 46,57 проценти, „Лајкамобајл“ 3,05 проценти, „Телекабел“ 1,29 проценти, МТЕЛ 1,08 проценти, „Греен мобиле“ 0,11 проценти.

Во приходите од обезбедување мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво), во вториот квартал од 2024 година „Македонски телеком“ има удел од 49,96 проценти, „А1 Македонија“ 46,93 проценти, МТЕЛ 1,39 проценти, „Телекабел“ 0,88 проценти, „Лајкамобајл“ 0,71 проценти, „Греен мобиле“ 0,13 проценти.

Вкупниот број фиксни линии изнесува 449.868, а остварени се 16.943.729 минути телефонски сообраќај.

ИЗДВОЕНИ