Рехабилитирана улицата „Рафајло Батино“ во Хром

88

Општина Ѓорче Петров реализираше уште еден проект во интерес на своите жители.

Рехабилитирана е улицата „Рафајло Батино” во Хром до кејот на Вардар во должина од 150 метри и широчина од 3,5 метри.

-Улицата претходно беше во лоша состојба, а со нејзиното асфалтирање, освен што го олеснивме движењето и сообраќањето по улицата, значително им олеснивме и на рекреативците кои често го користат кејот – соопштија од локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски вели дека ова е уште една улица од градежната офанзива во руралниот и урбан дел кој неодамна го најавил.