Реформските закони и изборите – теми на лидерската средба вечерва во Владата

148

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во 20 часот во Владата ќе се сретне со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Како што е најавено, тие ќе разговараат за претстојните претседателски избори, реформските закони и сè што е во интерес на државата, како што најави Заев. Според Заев, за оваа средба нема потреба од формат на повеќе политички партии.

Тој рече дека е важно да разговараат за евроинтеграцискиот процес , оти и процесот за членство во НАТО не е завршен се уште.

Да направиме се што можеме во јуни да го добиеме конечно датумот за отворање на преговорите со ЕУ. Тоа се важни работи, изјави Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека на средбата повторно ќе го отвори прашањето за предвремени парламентарни избори.