Дома КУЛТУРА Ремек делото на Кутура украдено од нацистите вратено на сопствениците

Ремек делото на Кутура украдено од нацистите вратено на сопствениците

34

„Портретот на млада жена што седи” од Томо Кутура, кој му припаѓаше на Жорж Мандел, еврејски француски политичар и член на движењето на отпорот кој беше убиен за време на Втората светска војна, беше пронајден во уметничката колекција на Корнелиус Гурлит, а германските власти кои го испитуваа случајот со даноците од 2012 година, сликата ја вратија на наследниците на Мандел .

Инаку, сликата била укртадена од нацистите, а Гурлит ја наследил збирка од 1 500 уметнички предмети од неговиот татко, Хилдебранд Гурлит, трговец со уметнички дела, кој ги продавал делата што ги конфискувале нацистите.

Министерката за култура, Моника Гритерс, при предавањето на сликата на роднините на Мандел вети дека ќе стори сé што е можно за да ги врати украдените уметнички дела на законските сопственици.