Рекордно обесштетување за Ван-Бисака

133

Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, е на добар пат да излезе како победник во траката по потписот на стандардниот првотимец во дресот на Кристал Палас, Арон Ван-Бисака.

Офанзивниот бек пред неколку дена ги информираше клупските челници дека сака да си замине за време на летниот преоден рок и својата кариера да ја продолжи на „Олд Трафорд“. Челниците на „црвените ѓаволи“ се подготвени да одвојат околу 55 мил. фунти за услугите на Ван-Бисака и на тој начин да го направат најскап дефанзивец во фудбалската историја.