Рекордна понуда за Феликс

104

Португалскиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Атлетико (М), Жоао Феликс, е најновата желба на раководните лица на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед.

Големиот талент се пресели на „Ванда Метрополитана“ за време на последниот летен преоден рок откако Бенфика го доби побараното обештетување од 120 мил. евра. Британските медиуми пишуваат дека „црвените ѓаволи“ се подготвени да одвојат рекорди 150 мил. евра за обештетувањето на Феликс.