Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, е на добар пат да излези како победник во трката по потписот на стандардниот првотимец во дресот на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Џејдон Санчо.
Репрезентативецот на Англија сака да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок и веќе има изјавено дека сака да се врати во татковината. Раководните лица на „црвените ѓаволи“ се подготвени да го исплатат побараното обесштетување од 120 мил. фунти.