Лондонскиот премиерлигаш Арсенал ќе се обиде до крајот на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на францускиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен, Муса Дијаби. Раководните лица на популарните „топчии“ се убедени дека Дијаби може да биде одлична опција во средниот ред, но германските медиуми открија дека официјалната понуда не смее да биде помала од 100 мил. евра.