Рекордна гледаност на отворањето на Игрите во САД: Повеќе Американци ја проследиле Цремонијата во Париз отколку онаа во Лондон во 2012 година

109
epa11497551 The "Don Juan II" carrying the Greece delegation sails on the Seine during the Opening Ceremony of the Paris 2024 Olympic Games, in Paris, France, 26 July 2024. EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз, според прелиминарните податоци на Comcast, ја гледале 28,6 милиони американски гледачи, додавајќи дека тоа е најгледаното отворање на Игрите од Лондон 2012 година, пренесува Ројтерс.

Тоа е клучна програма за Ен-Би-Си универзал (NBC Universal), која плати 7,65 милијарди долари за правата за емитување на Игрите во Америка до 2032 година.

Тој договор за медиумски права се смета за најголем во светот.

Бројот на гледачи за петочното отворање на Олимпијадата, во кој се вклучени Ен-Би-Си (NBC) и неговата стриминг услуга Пикок (Peacock), е вистински успех за радиодифузерот, во споредба со само 17 милиони гледачи за Олимпијадата во Токио во 2021 година.

Игрите во Токио, а потоа и Зимските игри во Пекинг во 2022 година, беа проблем за американската публика поради разликата во временската зона, како и обемот на работа поради пандемијата на коронавирус.