Кристијано Роналдо продолжува да руши рекорди на социјалните мрежи, а тоа дебело го наплатува. Иако моментално игра за Ал Наср, неговата популарност не опаѓа. Напротив.
На Инстаграм го следат дури 597 милиони луѓе и тој е поединецот со убедливо најмногу следбеници во историјата на Инстаграм и поради таа причина е светски рекордер, исто како и по заработка. Тоа го искористи и за да заработи огромни суми пари.
Сега само една спонзорирана објава му носи 2,15 милиони евра, што е навистина неверојатна сума. Тоа е на врвот на сите други спонзорски договори што ги има и огромната сума на пари што се уште ја заработува како фудбалер.
Со ова тој успеа да ја престигне Кајли Џенер, американската ријалити ѕвезда која сега има неколку свои брендови, која според изданието заработува 1,69 милиони евра.
На третото место е Лионел Меси, а потоа следат пејачката Селена Гомез и актерот Двејн Џонсон.
Се проценува дека Роналдо моментално тежи околу 500 милиони евра, но се очекува драстично да се зголеми бидејќи во Саудиска Арабија би можел да заработува околу 125 милиони евра по сезона.
View this post on Instagram