Близок извор до таборот на новиот шампион на Шпанија и освојувач на трофејот во Лигата на шампиони, тимот на Реал (М), откри дека летниот буџет за купување на нови фудбалер ќе биде околу 350 мил. евра. „Кралскиот клуб“ не успеа во намерата да ги осигура услугите на францускиот интернационалец Килијан Мбапе, а освен нов напаѓач, шпанскиот гигант планира да ангажира двајца фудбалери во средниот ред, еден дефанзивен и еден офанзивен.