Реконструирани детското игралиште и кошаркарскиот терен во дворoт на „Ј.Х.Песталоци“

170

Денеска и утре, основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ одбележува пет децении од отворањето на вратите за првите ученици.

По повод јубилејот Општина Центар издаде Монографија, која ќе биде промовирана вечерва. Изданието „Pestalozzi“, на авторот Кочо В. Костов е посветено на зградата на училиштето.

„Овој објект се смета за невообичаен по многу нешта, првенствено по својата уметничка, поточно архитектонска вредност, но уште повеќе по фактот дека претставува иновација од областа на асеизмичката изградба. Истовремено, тој објект е многу повеќе од само училишна зграда, тој е симбол на квалитетно образование и воспитување, но и симбол на солидарноста и трајното поврзување на Швајцарија и Македонија“, објаснува авторот во рецензијата на изданието.

Во рамките на своите редовни активности, а пред прославата, Општината Центар со забрзано темпо ги заврши реконструкцијата на детското игралиште и кошаркарскиот терен, а обновена е урбаната опрема и зеленилото во училишниот двор.