Во првата недела од јануари регистрирани се 821 случај на гри, но и првата жртва на грип во земјава за оваа сезона. Се работи за лице на возраст од 65 години од Скопје кој бил хоспитализирани во Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети (кардиоваскуларно и белодробно) и не бил вакциниран со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице  лабораториски е утврдено дека се работело на грип од типот А/Н3

 

 

Во првата недела од јануари годинава е регистрирана и првата жртва на грип во земјава оваа сезона. Се работи за лице на возраст од 65 години, од Скопје, кое било хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети (кардиоваскуларни и белодробни) и тоа не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице лабораториски е утврдено дека се работело за грип од типот А/Н3.

Во Македонија, за една недела е пријавен 821 случај на грип или заболувања слични на грип,  што е 2,4 пати повеќе во споредба со претходната недела.

Доколку се спореди бројот на пријавени лица оваа недела со првата недела од минатата 2022 година, тој е зголемен за 74,7%, а во споредба со бројот за првата недела од типичната епидемиска крива, зголемен е за 25,9%. Овие бројки се дел од извештајот на Институтот за јавно здравје, кои се однесуваат на периодот од први до осми јануари годинава, каде што се информира и колку анализи се направени во  неговата вирусолошка лабораторија.

– Пристигнаа 167 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и за ковид-19. Притоа, детектирани се 28 (16,7%) позитивни случаи, од кои 20 се Influenza A/H3 – велат од Институтот и дополнуваат дека пријавената инциденца е над неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип за прв пат оваа сезона, односно е достигнат прагот на епидемиолошки влез во сезоната на грип.

Во однос на возраста, забележано е дека 360 лица на возраст од 15 до 64 години и 234 деца на возраст од 5 до 14 години имале инфлуенца. Грипозни се и 175 деца на возраст од 0 до 4 години и 52 лица на возраст над 65 години. Во првата недела од јануари, највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0 до 4 години.

Доколку се анализира како се шири инфлуенцата оваа сезона по градовите низ земјава, најмногу заболени во јануари имало во Битола, и тоа 174 лица, во Скопје – 105, Кавадарци – 94, Дебар – 76 и Гостивар – 65, а во останатите, бројот на пријавени е помал од 60.

Од почетокот на сезоната 2022-2023, заклучно со првата недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ се пристигнати 3.841 материјали од здравствените установи – од амбулантски и од болнички лекувани пациенти за тестирање за присуство на вирусот на грип, од рутинскиот надзор. Досега регистриран е 81 позитивен случај, 60 инфлуенца А/Н3, 13 инфлуенца А несуптипизиран и 8 инфлуенца А/Н1.

(В.Ма.)