Револуција во правењето чоколадa: Швајцарски научници смислија нов рецепт

537

Замислете да берете сочно јаболко, но наместо да ги заривате забите во него, ги зачувувате семките, а остатокот го фрлате – тоа обично го прават производителите на чоколада со плодот на какаото.

Сега, научници од Швајцарија смислија нов начин како да направат чоколада користејќи го целото овошје, а не само семките и пулпата без додавање шеќер, пренесува fortune.com.

Чоколадото направено од научникот Ким Мишра и неговиот тим од престижниот Федерален институт за технологија во Цирих користи пулпа, сок, па дури и кора од дрвото какао.

Новиот начин на подготовка веќе привлече големо внимание, особено поради неефикасноста на традиционалното производство на чоколадо, каде се користат само семките, а остатокот од плодот, со големина на тиква и полн со хранливи материи, се остава да гниe по нивите.

Клучот за новото чоколадо лежи во неговиот исклучително сладок сок, кој има „овошен вкус, малку како ананас“.