Реал поднесе жалба против судијата кој не ги регистрира навредите кон Винисиус

49
epa10644429 Referee Ricardo de Burgos Bengoetxea (2-R) talks with Real Madrid's striker Vinicius Junior (R) during the Spanish LaLiga match between Valencia CF and Real Madrid at Mestalla stadium in Valencia, Spain, 21 May 2023. EPA-EFE/Biel Alino

Реал Мадрид поднесе жалба до Шпанската фудбалска федерација против главниот судија на натпреварот со Осасуна Хуан Мартинез Мунуера од 29. коло на Ла Лига.

Клубот од Мадрид излезе со официјално соопштение во кое велат дека побарале преглед на постапките на Мунуера. Според „Кралскиот клуб“, судијата намерно не ги забележал навредите упатени кон напаѓачот Винисиус и покрај тоа што тоа му го пријавиле други играчи на Реал Мадрид.

Реал поднесе жалба и до Државната комисија за борба против насилство, расизам, ксенофобија и нетолеранција во спортот.

За време на натпреварот кој го доби Реал со 4:2, навивачите на Осасуна скандираа „Винисиус, умри!“.

Бразилецот во победата на Реал учествуваше со два гола.