Реал Мадрид не планира летово да преговара за трансфер на Килијан Мбапе од ПСЖ. Според „Марка“, настаните во последните денови не биле изненадување за раководството на Реал Мадрид.

И покрај изјавата на Мбапе за неподготвеност да го продолжи договорот со ПСЖ, клубот е мирен.

Никој не крие дека Французинот е главна цел на клубот во последните години, но моменталната ситуација не значи дека Мадрид драстично ќе ги приспособи плановите за летото.

Засега Реал Мадрид ги следи случувањата од перспектива на гледач.