Амбициозните сопственици на турскиот суперлигаш Фенербахче ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на напаѓачот на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд. Репрезентативецот на Англија не е во добри односи со новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим и затоа ќе биде позајмен или продаден во јануари.